Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБосна и Херцеговина започна со подготовки во случај на наплив од мигранти

Босна и Херцеговина започна со подготовки во случај на наплив од мигранти

Властите во Босна и Херцеговин се подготвува план за можен наплив од мигранти, во случај Унгарија да ги затвори своите граници и да ги поведе кон Западна Европа, соопшти министерот за безбедност Драган Мектиќ.

Да се предвиди бројката на мигранти кои можат да тргнат кон земјата е невозможно, но властите се должни да преземат мерки од хуманитарен аспект и гаранција на безбедност, а конечниот спас се бара од ЕУ.


Ни претстои зимска сезона и бегалците нема да можат да останат во импровизираните прифатни центри. Има и сериозни знаци дека Унгарија ќе го затвори коридорот и тогаш тие ќе тргнат кон Босна и Херцеговина. Ние сакаме да бидеме дел од тоа решение, но не гледам можност да можеме да ги решиме проблемите на 200-300 илјади или половина милион бегалци – рече босанскиот министер.