Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБосна и Херцеговина тргна по европски пат

Босна и Херцеговина тргна по европски пат

Босна и Херцеговина ќе се надева дека сите внатрешни политички и етнички несогласувања, како и лошата економска состојба побрзо и подобро ќе се решат со европска перспектива, па затоа е поднесена и кандидатурата за членство која во оваа фаза е само формалност.
bosnia application 640 (1)Свечениот чин на поднесување го изврши Драган Човиќ, претседавачот на Претседателството на Бих, а се одржа и соодветен прием во Брисел со Берт Коендер холандскиот министер за надворешни работи, Федерика Могерини претседателката на Европската комисија и Јоханес Хан еврокомесарот за проширување.