HomeДЕНЕШНАРегионБосна ја легализира употребата на медицински канабис

Босна ја легализира употребата на медицински канабис

Босна и Херцеговина ќе биде уште една земја од регионот која ќе го легализира канабисот за употреба во медицински цели.

Експертска работна група, формирана од Советот на министери на БиХ, даде „зелено светло“ за употреба на канабис во медицински цели, објави синоќа „Независне новине“.

Тоа го соопшти членот на оваа група и началникот на Одделението за онкологија при Универзитетско-клиничкиот ценар на РС Зденка Гојковиќ, додвајќи дека сега на потег се министерствата, бидејќи се потребни серија измени во повеќе закони.

Таа изјави дека има неофицијални информации дека Министертвото за цивилни работи го прифатило мислењето на работната група, но официјално соопштение се уште нема.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com