Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБошњаковски: Долговите на МРТВ ги отежнуваат реформите

Бошњаковски: Долговите на МРТВ ги отежнуваат реформите

Здружението на новинари на Македонија вчера ја повика Владата во најбрз можен рок да обезбеди средства за подмирување на долгот што МРТ го има кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), кој изнесува околу половина милион евра.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, денеска рече дека долгот дополнително ги отежнува медиумските реформи.

„Свесни сме за ситуацијата. Во тек се реформите во медиумскиот дел според препораките на Прибе. Самиот долг е нешто што дополнително ги отежнува работите, но во моментов немаме ништо разговарано околу долгот на МРТВ. Дополнително ќе се расправа за тоа. Сите работни групи работат, медиумските реформи сè уште се во фаза на подготовка. До крај на годината се очекува да бидат готови“, рече тој.