Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБошковски сведочел за „Кампања – СЈО го води случајот

Бошковски сведочел за „Кампања – СЈО го води случајот

Љубе Бошковски вчера речиси пет часа сведочел пред Специјалното јавно обвинителство за случајот „Кампања“ за кој и беше обвинет на 5 годишна затворска казна за прекршување на изборните правила и финансирање. Бидејќи добар дел од деталите за апсењето беа споменувани во нелегалните телефонски разговори овој случај е превземен од страна на Катица Јанева.

– Бошкоски денеска даваше исказ во својство на сведок и на оштетен во случајот „Кампања“, а во врска со пречекорувањето на овластувањата на органите што учествувале во преземањето на дејствата во конкретниот случај , изјави неговиот адвокат Кратовалиев за Нова.

Казната за „Кампања“ на екс министерот за внатрешни му истекува за помалку од четири месеци, но тој може и порано да ја одлежи доколку се оцени дека имал пристојно поведение во затворот. На Бошковски треба да му се суди и во случајот „Ровер“ каде се товари дека го организирал и прикрил убиството на Киро Јанев и Марјан Тушевски.