HomeДЕНЕШНАПолитикаБошковски : Нема да коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ, ја доведоа Македонија во деветтиот круг на Данте

Бошковски : Нема да коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ, ја доведоа Македонија во деветтиот круг на Данте

ljube boskoski

Љубе Бошковски во интервјуто на Топ Тема за Телма телевизија посочи дека новата десничарска коалиција составена од трите партии Обединети за Македонија, ВМРО-НП и Достоинство нема никаква намера по изборите да коалицира со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Никогаш нема да коалицираме со структурата на ВМРО-ДПМНЕ која ја доведе Македонија во деветтиот круг на Данте Алигиери.

Лидерот на Обединети за Македонија се осврна и на неговото апсење и затворската казна за изборни злоупотреби.

– Мојата совест е чиста, сега друг ќе има немирен сон. Прогонителите сега се прогонети. Јавноста ќе биде шокирана кога ќе се дознае се за тоа кога бев апсен- рече Бошкоски.

Тој додаде дека никогаш нема да заборави или прости за, како што вели, тоа што му било наместено во акцијата на МВР кога во 2011 година беше уапсен во Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com