HomeДЕНЕШНАПолитикаБошкоски најави десен блок, со кого ќе коалицира?

Бошкоски најави десен блок, со кого ќе коалицира?

Лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во неделата за време на одржувањето на централното собрание на ОМ изјави дека во тек се преговори на политичките партии за формирање на десен блок кој би настапил на предвремените парламентарни избори закажани на 11-ти декември.

„Имаме централно собрание на кое треба да се потврдат одлуките да се оди на предвремените парламентарни избори. Сé уште сме во преговори со политичките партии од центарот и десничарскиот блок со кои е природно да коалицираме доколку се исполнети условите“, рече Бошкоски.

Бошкоски додаде дека неговата партија ќе остане доследна до „вмровската идеологија“ и дека тие никогаш „не престанале да соработуваат со членството на ВМРО“.

„Јас сум еден од основачите на ВМРО, нашата програма и првиот член на нашиот статут вели дека сме дел и наследници на вмровската идеологија, тоа е нашата матрица, нашата матрица е вмровска. Ние не сме престанале да соработуваме со членството на ВМРО, тоа е нашатата покрепа и иднина“, порача лидерот на Обединети за Македонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com