Friday, Apr 28, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионБосанскиот суд ја донесе првата пресуда поради учество во Исламска држава

Босанскиот суд ја донесе првата пресуда поради учество во Исламска држава

Судот во Босна и Херцеговина ја донесе првата пресуда за противзаконско формирање и придружување кон странски воени формации, во овој случај за учество во терористичката организација Исламска држава (IS), пренесуваат босанските медиуми.

Пред Одделението за организиран криминал, економски криминал и корупција на Судот на БиХ, првообвинетиот Хусеин Ердиќ бил осуден на три ипол години затвор, Мидхат Трако на година ипол, а Невад Хушидиќ и Мерим Кесеровиќ добиле по година дена затвор, пренесува регионалната телевизија N1.

Обвиненијата против четврицата биле потврдени на 15-ти април 2015 година и во нив било наведено „поради придружување кон странска паравоена формација која делува вон територијата на БиХ“, Ердиќ на почетокот на февруари се договарал со нему познати лица од Турција, за од подрачјето на БиХ во Сирија и Ирак да го организира пристигнувањето на Хушидиќ и Кесеровиќ.

Целта било нивно противзаконско учество во терористичката организација Исламска државата, а обвинетиот Трако, по претходен договор со Ердиќ, им ги дал на Кесеровиќ и Хушидиќ потребните парични средства за купување авионски карти на релација Сараево – Истанбул.

Според наводите на обвинителството, Ердиќ им дал инструкции и упатства на Хушидиќ и Кесеровиќ да му се јават на Трако, кој ќе им ги обезбеди потребни парични средства за транспорт во Сирија и Ирак. Потоа тие од Трако добиле пари и купиле авионски карти за Истанбул, со упатство за интернет контакти и телефонски броеви од лица во Турција со кои требало да исконтактираат за натамошен транспорт на подрачјата на Сирија, навеле од босанското обинителство.

извор:Макфакс