Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаБорова шума гори во овчеполскиот регион

Борова шума гори во овчеполскиот регион

Во Овчеполскиот регион горат 20 хектари борова шума. Командирот на светиниколската Противпожарна единица, Зоран Трајчев вели дека пожарот е во атарот на селото Милино во Општина Лозово, а дојавата за пожарот ја добиле околу 11 часот.

Тој истакна дека во моментов на терен се 10 пожарникари и две возила.

Огнените јазици имаат зафатено борова шума, која е стара неколку децении, а ветерот дополнително им прави проблеми, со што огнот се шири со голема брзина и на крошните кои не се зафатени.

За овој пожар информирани се и надлежните во Дирекцијата за заштита и спасување, се бара да се интевренира и со ер тракторите, со цел да не се прошири пожарот и на други површини.