Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБОРКА ќе го одбележи Светскиот ден за борба со ракот

БОРКА ќе го одбележи Светскиот ден за борба со ракот

БОРКА како едно од најактивните здружение за превенција од рак, подигање на свеста и поддршка за заболените лица и оваа година ќе се вклучи во одбележување на 4-ти февруари како Светски ден за борба со ракот.

borka rak

„Како полноправни членови на Меѓународната унија против ракот, глобален конзорциум на повеќе од 280 организации за борба против ракот во над 90 земји, секоја година од 2007 се приклучуваме во организација и реализација на активности за одбележување на овој ден. Оваа година ќе лансираме веб кампања со промоција на денот и информации за сите граѓани за методите на превенција од рак како потенцијално излечива болест, стои во соопштението на БОРКА.

Кревањето на свесноста за превенција од малигните заболувања е многу значајна во здравствената заштита и секое рано откривање на болестите може да значи и сочувување на животот.