Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБорисов поставува ултиматум до почетокот на ноември за компромис

Борисов поставува ултиматум до почетокот на ноември за компромис

Пред малку, премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов, на својот ФБ профил објави слики од средбата со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, на која присуствуваше и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева. Османи е во посета на официјална Софија, во период, во кој наново на површина испливаа историските децениски несогласувања помеѓу двете земји, околу историјата, и толкувањето на историските настани и револуционерни дејци, особено во периодот пред 1945 година. Борисов, по повод официјалната средба напиша:

 

 

„Историјата треба да биде мост на пријателство и блискост, а не распарчен мост со кој Република Северна Македонија не може да го помине патот кон Европската Унија. Пред министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, истакнав дека до 10 ноември оваа година, кога Бугарија и Република Северна Македонија како копретседавачи на Берлинскиот процес ќе го водат Самитот, мора да има компромисно решение  кое ќе ги задоволува сите.“