HomeДЕНЕШНАРегионБорисов даде оставка – дали Бугарија паѓа во политичка криза?

Борисов даде оставка – дали Бугарија паѓа во политичка криза?

borisov

Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа даде оставка уште пред да бидат соопштени официјалните резултати. Тој ја напушти функцијата веднаш по веста дека Цачева освоила сачо 36 отсто гласови. Нејзиниот противник генералот Румен Радев освои 58 отсто гласови. Радев беше поддржан од социјалистичката партија не е нејзин член.

“Неуспехот на ГЕРБ (партијата на Борисов) е јасен. Граѓаните сакаа да ни кажат, преку гласањето, дека нешто не е во ред. Нашите приоритети се можеби добри но дека очигледно постојат подобри. Најдемократската работа што треба да се направи е оставката”, изјави Борисов синоќа.

Накусо, по овие избори Бугарија влегува во политичка криза. Оставката на Борисов значи дека во земјата ќе има предвремени избори, најверојатно во март 2017 година. Мандат на Борисов беше до 2018 година.

Уставот на Бугарија предвидува дека претседателот, во овој момент тоа е се уште Росен Плевнелиев, треба да му даде мандат на Борисов, како лидер на партијата која ги доби претходните парламентарни избори, и тој да формира нов кабинет. Но Борисов очигледно нема намера да одговори на овој повик. Потоа претседателот треба да го даде мандатот за нова влада на втората политичка сила, социјалистите. Но, лидерката на социјалистите Корнелиа Нинова, исто така ја одби поканата.

На новинарско прашање дали прва задача на претседателот Радев ќе биде распуштањето на парламентот, тој синоќа одговори дека се е напишано во Уставот.

Оттука, Плевнелиев ќе мора да именува преодна влада за да се одлучи кога ќе има предвремени избори. Но прашањето е дали тоа ќе биде претседателот Плевнелиев кој го завршува својот мандат или пак новиот Радев кој на функција стапува на 22 јануари 2017 година. Засега се уште не се знае која од овие две опции ќе биде реализирана или можеби Плевнелиев и Радев ќе се договорат за составот на преодната влада.

Бугарскиот Устав предвидува дека претседателот не може да го распушти парламентот во последните три месеци од својот мандат но може да состави техничка влада. Што јасно кажува дека новиот претседател Радев е тој кој ќе ги распише предвремените избори кога ќе стапи на функција во јануари.

Плевнелиев го покани Радев на средба која треба да се одржи денес.

Европските медиуми денес објавуваат дека во Бугарија доаѓа нов про-руски претседател. Но, Радев изјави дека тој самиот тој бил генерал на НАТО и нема намера да ја менува евро-атлантската насока на земјата. Тој вели дека би сакал да има конструктивен дијалог и со Русија и со САД. Негова желба е да се стави крај на руско-западните препукувања и тензии и да се најде решение за конфликтите во Сирија и Украина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com