HomeДЕНЕШНАЕкономијаБорбата со климатските промени мора да се води на локално и глобално ниво

Борбата со климатските промени мора да се води на локално и глобално ниво

Во период кога во Македонија се кршат копјата околу борбата за власт малку внимание се посветува на борбата со климатските промени и што се земјата прави во врска со ова прашања. Зелената агенда речиси воопшто не е дел од предизборните активности на политичките партии кои претендираат да ја формираат идната влада, а времето кое е највреден ресурс безмилосно изминува.

cresevo-poplava-1

Македонија не е изолирана од последиците на климатските промени, голем дел од експертите апелираат на последиците кои може да ги очекуваме особено врз земјоделието, економијата и животната средина. Зголемувањето на температурите доведе до непредвидливи временски прилики. Негрижата за природата и животната средина предизивика и големи последици кои одземаа над 20 човечки жртви во страшните поплави во Скопје во август.

temperatura

*Извор: klimatskipromeni.mk

Во климатските сценарија за Македонија се предвидува раст на температурите на воздухот од 1.1 Целзиусов степен до 2020-та или 2.4 степени во текот на летната сезона, како и 5 Целзиусови степени до 2100-та или 10.6 степени во летниот период што е загрижувачко.

susa

Се изработуваат извештаи, повремено се водат еколошки кампањи и се бараат решенија кои ќе помогнат како на локално македонско ниво, така и на глобално ниво ако се покажат како ефикасни модели за справување со секојдневните проблеми со загадувањето. Македонија ја има законската рамка која е во согласност со меѓународните стандарди и препораки од бројните самити за климатски промени. Усвоени се и национални стратегии и се чини дека институциите ја имаат потребната рамка на делување.
Тогаш се наметнува прашањето што е досега реализирано и дали тоа е доволно. Вистинските еколошки активисти ќе речат дека секогаш мора повеќе и дека нема компромиси со иднината на нашата планета, но и најдолгиот пат мора да започне со првиот чекор, а Македонија веќе е раздвижена.

earth hour makedonija

Како позитивни примери би ги навеле вклучувањето во акцијата „Час на планетата Земја“ со тоа што од година во година се поголем број на граѓани, институции и компании се приклучуваат на акцијата со гасење на електричната енергија и осветлувањето. Со тоа се придонесува во намалување на потрошувачката на струја која 66% во Македонија се базира на јаглен како еден од најголемите загадувачи. Оваа акција мора да се прифати и на пошироко глобално ниво, но и да се применува почесто за да се подигне свеста на населението за заштеда на енергија.

patuvaj-zeleno

Изработена е апликацијата „Патувај Зелено“ која овозможува да се одбере најефикасната рута на превоз во главниот град Скопје кој веќе со години во критичните периоди бележи огромна загаденост со штетни честички во возхудот. Проектот е резултат на блиска соработка помеѓу УНДП, Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, и на Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), но секако потребна му е поголема популаризација и прифаќање на корисниците.

Секако, целта е да се намали потребата од автомобил во секојдневното движење на граѓаните, а со тоа и да се намали емисијата на јаглероден диоксид кој најмногу влијае врз ефектот на стаклена градина. Ова е особено важно ако се земе во предвид фактот што во Македонија се увезоа илјадници автомобили на старо со ЕВРО2 и ЕВРО4 стандардите, а во горивата се уште има присуство на сулфур.

Токму позитивните ефекти кои би произлегле од апликацијата „Патувај Зелено“ може да бидат пример и за светските метрополи кои имаат свои проблеми со јавниот превоз, сообраќајната инфраструктура и загадувањето.

go green

Не секогаш треба да се чека политичарите и партиите да ја прифатат „зелената“ агенда, бидејќи решенија може да произлезат и од самите граѓани, активисти и еколошки здруженија. Секоја држава има свое искуство во борбата со климатските промени, се водат дебати за трајни решенија на високо ниво и големи реформи во економијата движена од фосилните горива, но битката не смее да застане тука, чекајќи политичарите или лобистите да ги водат процесите. Решенија се возможни со доволен степен на креативност, едукација и бескомпромисност во пристапот.

Автор: Христијан Станоевиќ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com