Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБомбите во рацете на специјалниот обвинител – Зврлевски нема интегритет

Бомбите во рацете на специјалниот обвинител – Зврлевски нема интегритет

Петре Шилегов порача дека материјалите од прислушкуваните телефонски разговори или популарно наречени „бомби“ за криминалите на функционери на власта ќе бидат предадени само на специјалниот обвинител кој наесен треба да биде назначен, а јавниот обвинител Марко Зврлевски нема интегритет да ја врши функцијата и да ја води истрагата.

sdsm bombi

Ова е малку контрадикторен став бидејќи и досега СДСМ ги доставуваше материјалите до јавното обвинителство, кое впрочем и вчера излезе со соопштение дека се поведени повеќе предмети, дека се побарани служебени дејствија и дека сослушани се голем број на функционери, меѓу кои и Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК.

Шилегов пак, возврати со тврдењето дека Јавното обвинителство не превзело ништо суштинско за покренување на истрага и дека премиерот Грувески не е ни повикан на распит. За останатите кои се инволвирани во предметите не се превземени никакви мерки на обезбедување и тие и понатаму ги вршат своите државни функции. Токму затоа специјалниот обвинител ќе има мандат и обрврска да ги спроведе овие истраги докрај.