Sunday, Sep 24, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаБомбите не важат за судот – Кривичните постапки продолжуваат

Бомбите не важат за судот – Кривичните постапки продолжуваат

Основниот кривичен суд Скопје 1 објави дека прислушкуваните разговори од „бомбите“ на опозицијата нема да бидат прифатени како материјални докази бидејќи се прибавени незаконски и не може да се употребат во судска постапка. Правните експерти и претходно посочија на овој момент, но од друга страна пак, изнесените ставови и наговестувања за кривични дела може да бидат доволен мотив и причина за спроведување на истражна постапка.

gruevski obvinitel

Кривичните постапки поведени против осомничените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протуѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски продолжуваат со правните надлежности на Јавното обвинителство кое пред судот треба да се произнесе за сите предмети и дали е продолжена истражната постапка. Побарано е и обвинителството да се произнесе дали бил поднесен предлог за издавање на посебни истражни мерки за следење на комуникации на наведените осомничени лица.

osnoven sud1

Аудио записите и транскриптите се затвараат и се чуваат кај судија на претходна постапка при овој суд одвоени од другите списи при што неможат да се користат во постапка, бидејќи согласно Законот за следење на комуникации и измените на истиот, во зависност од периодот од кога се пријавуваат осомничените, посебните истражни мерки за следење на комуникации се издаваат по барање за донесување наредба за следење на комуникациите, до надлежен судија кое се поднесува од надлежен Јавен обвинител по сопствена иницијатива или друг овластен орган согласно овој закон и наредбата се издава со ограничен рок на траење наведен во наредбата, е ставот на Основниот суд.