Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБомбашки напад врз полициска станица во Истанбул – 7 повредени

Бомбашки напад врз полициска станица во Истанбул – 7 повредени

Седум луѓе – петмина полицајци и двајца цивили беа ранети во бомбашки напад врз полициска станица во Истанбул, јави Анадолија.

Цел на нападот со автомобил бомба била полициска станица во истанбулскиот реон Султанбејли.

Од ескплозијата е предизвикан пожар и урнат е дел од триспратната зграда на полицијата. Оштетени се околни згради и дваесетина паркирани возила.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот извршен во момент на тензии меѓу турските сили за безбедност и бунтовниците од ПКК.