HomeДЕНЕШНАСветБомбашки напади во Турција, починати војници

Бомбашки напади во Турција, починати војници

Најмалку три војници починале, а 12 се повредени во двоен бомбашки напад на курдските бунтовници во југоисточна турција, соопшти државната агенција Анадолија. Како што се пренесува, осум војници биле повредени кога нивното возило налетало на имрповизирана експлозивна направа покрај патот во провинцијата Ван.

Бомбата најверојатно ја подметнале припадниците на забранетата Работничка партија Курдистан. Двајца војници се наоѓале во критична состојба. Во сличен напад на патот во Хакари биле повредени уште четворица војници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com