HomeДЕНЕШНАСветБомбашки напад над шиитски аџии во Ирак – стотина мртви

Бомбашки напад над шиитски аџии во Ирак – стотина мртви

hula-irak-eksplozija

Камион полн со експлозив експлодирал во четвртокот на бензинска црпка во селото Шомали, предградие на Хила, 120 километри југоисточно од ирачката престолнина Багдад и околу 80 километри од светиот град Карбала, при што се убиени околу 100 шиитски аџии, што е последниот во серијата напади на џихадистите од ултрарадикалната сунитска група Исламска држава од почетокот на офанзивата на владините сили врз нејзиното упориште Мосул.

Камионот-бомба со 500 литри амониум нитрат експлодирал во близина на голем број автобуси кои се враќале од големата верска церемонија во светиот шиитски град Карабала, соопштија безбедносни извори.

„Најмалку седум автобуси со верници биле паркирани на бензинската црпка во тоа време. Меѓу загинатите десетина се Ирачани, а остатокот се Иранци и Бахреинци“, изјавил за AFP Фалах ал-Рахди, безбедносен челник на покраинскиот совет на Вавилон, каде што се одиграл нападот.

Исламската држава во соопштение, коешто го пренесува американскиот центар за следење на џихадистичките мрежни станици SITE, објави дека бомбаш самоубиец „се крена во воздух меѓу група (аџии) усмртувајќи и ранувајќи повеќе од 200 луѓе, меѓу кои поголем број Иранци“.

Неколку часа по нападот, портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бахрам Касеми изјави за иранските медиуми дека „испланираните и дивјачки напади“ се резултат на очајот на сунитските терористи како резултат на последователните порази кои ги трпат на бојното поле.

„Овие брутални и нехумани акти нема да влијаат врз ирачката владата и определбата на народот, како и на поддршката од Иран за угнетениот ирачки народ во немилосрдната борба против тероризмот“, порача Касеми.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com