HomeДЕНЕШНАСветБомбашки напад на шиитски собир во Багдад

Бомбашки напад на шиитски собир во Багдад

Бомбаш самоубиец активирал елек со експлозив меѓу припадници од шиитското мнозинство на верски собир во ирачката престолнина Багдад. Најмалку 31 човечки живот згасна, а ранети се околу 60 луѓе, соопштија полициски и лекарски извори.

Експлозијата се случила во шатор преполн со луѓе кои учествувале на Ашура, процесија по повод одбележувањето на маченичката смрт на внукот на пророкот Мухамед, имамот Хусеин во VII век. Според очевидци, истовремено, била оплакувана смртта и на еден локален жител. Шаторот бил поставен на пазарот полн со луѓе во северната багдадска населба ал-Шабаб, во кое е доминантно шиитското население.

Засега ниедна група ниедна не ја презема одговорноста за овој напад. Меѓутоа, познато е дека шиитите се цел на ултрарадикалните сунитски групации како ткн Исламска држава.

Последната седмица најмалку девет луѓе ги загубија животите во бомбашки напад во источниот дел на Багдад,

Исламската држава ја започна својата смртоносна кампања во летото 2014 година, при што зазема поголем дел од северните региони на Ирак, меѓу другото и градот Мосул, вториот по големина град во земјата, кој е своевидна престолнина на самопрогласениот „калифат.

Во следните неколку дена се очекува да започне голема офанзива на ирачките сили помогнати од коалициските сили предводени од САД за ослободување на Мосул.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com