Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБомбаш самоубиец мотивиран од екстремисти се разнесе во Германија

Бомбаш самоубиец мотивиран од екстремисти се разнесе во Германија

Германија е во шок по серијата на масовни напади кои за среќа не доведоа до огормен број на човечки жртви. Во последниот бомбаш самоубиец се разнесе во Ансбах, на музички фестивал со цел да убие што е можно повеќе лица, но екплозијата не била според очекувањата. а загинал само бомбашот.

Човекот кој се разнесе во експлозија на бомба и повреди 12 други луѓе синоќа во германскиот град Ансбах, бил инспириран од исламистички екстремизам на последната вечер на фестивал на отворено каде присуствувале околу 2500 луѓе, соопштија од полицијата на регионот Средна Франконија.

Човекот бил од Сирија и побарал азил во Германија пред две години. Тој носел ранец полн со експлозиви со кои можело да се убијат многу луѓе. Напаѓачот во неколку наврати бил на психијатриско лекување, а имал и обид за самоубиство.