Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБомбардиран хуманитарен конвој, Сириското примирје се распадна

Бомбардиран хуманитарен конвој, Сириското примирје се распадна

Извештаите за бомбардирање на хуманитарниот конвој во близина на сирискиот град Алепо „предизвикаа гнев“ кај САД, соопшти Стејт департментот, додавајќи дека Вашингтон ќе ја преиспита идната соработка со Русија. Засега нема информации дали нападот е одмазда за убиството на 62 сириски војници во воздушен напад од коалицијата предводена од САД.

– Крајната дестинација на конвојот им беше позната на сирискиот режим и Русија, но и покрај тоа овие хуманитарни работници беа убиени додека се обидувале да му помогнат на сирискиот народ, истакна портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

Тој нагласи дека „САД ова прашање директно ќе и го постави на Русија“.

– Имајќи го предвид постојаното кршење на примирјето, ние ќе ги преиспитаме натамошните перспективи за соработка со Русија, додаде Кирби.

Според информациите на Обединетите нации нападот го извршиле руски или сириски авиони и убиени се најмалку 14 хуманитарци.