Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБомба експлодираше во Атина, најверојатно дело на анархистите

Бомба експлодираше во Атина, најверојатно дело на анархистите

Вчера пред „Еуробанк“ во Атина била активирана бомба во која нема информации за повредени или зафгинати, а според првичните проценки на полицијата нанесена е само помала материјална штета.

Екплозијата ги оштетила влезот и прозорците во банката, а причинила материјална штета и на соседните згради. Чуварот во банката видел како две лица на мотоцикл оставиле торба пред објектот и продолжиле со голема брзина.

Истовремено, еден новински веб сајт добил телефонски повик дека бомбата ќе експлодира за 35 минути. Полицијата веднаш по дојавата ги блокирала улиците во близина на банката, а експлозијата се слушнала и во централните делови на Атина.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека тоа е дело на анархистите од групата Заговор на огнените ќелии.