HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБолт ќе тренира со Борусија Дортмунд, планира фудбалска кариера?!

Болт ќе тренира со Борусија Дортмунд, планира фудбалска кариера?!

brand_bio_bsfc_157955_sf_2997_005-20140327_v1_hd_768x432-16x9

30-годишниот Јамајчанец е познат како голем навивач на Манчестер јунајтед и сега последната вест е дека ќе помине одредено време на тренинг со бундеслигашот Борусија Дортмунд.

„Искрено, разговарам за тоа сериозно подолго време. Ќе тренирам два-три дена со Борусија да видам што ќе се случи. Сепак, сонот е да играм за Манчестер јунајтед. Тоа би било епско“, вели Болт.

Болт по третпат освои три златни медали на Олимпијадата во Рио во август, осигурувајќи ја својата позиција во историјата на спортот како еден од великаните. Дали ќе му успее да го направи истото и во фудбалот, останува да се види.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com