Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимБолните од мултиплекс склероза ќе се лечат со гуми за џвакање од канабис

Болните од мултиплекс склероза ќе се лечат со гуми за џвакање од канабис

Канабисот е се позастапен во медицината и веќе има доволно докази дека може да помогне кај неколку болести. Отсега канабисот во медицински цели ќе биде достапен и како гума за џвакање.

Биотехнолошката компанија „Аксис“ минатата недела соопшти дека започнале клинички испитувања врз луѓе со нивниот нов производ – гуми за џвакање од марихуана како третман за болните од мултиплекс склероза. Гумите содржат 5 милиграми масло од медицинска марихуана.
CanChew– Медициниските гуми за џвакање од марихуана треба да овозможат предвидливо и контролирано ослободување на активните состојки, соопшти претседателот на компанијата Џорџ Анастасов, додавајќи дека „психоактивната компонента на TХЦ од канабисот е ефикасен начин за лекување на пациентите со дегенеративни болести“. Од компанијата најавуваат дека првично гумите се тестираат врз пациенти болни од мултиплекс склероза, но испитувањата ќе продолжат и врз други болести.

Марихуаната во медицински цели веќе на голема врата се промовира во многу од развиените држави во Европа, како и САД, Канада и Австралија.

извор:НоваТв