HomeДЕНЕШНАПолитикаБолни адвокати го одложија рочиштето за „Поткуп“ против Заев

Болни адвокати го одложија рочиштето за „Поткуп“ против Заев

zaev advokati

Кривичниот суд во Скопје денеска го одложи рочиштето од судскиот процес за случајот “Поткуп” во кој е обвинет претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Како што информираше Заев, еден од неговите адвокати, Ване Андреев, иако најавил дека ќе стигне на роиштето, имал проблеми со возилото и не успеал да дојде. Останатите двајца адвокати, Филип Медарски и Јаким Наумов, беа отсутни поради здравствени проблеми.

Судијката Дијана Груевска Илиевска го закажа следното рочиште за 2-ри декември и покрај барањето на Заев судењето да продолжи по завршувањето на изборите. Во судот беше присутен Иван Николов, струмичкиот бизнисмен од кого, според обвинението, Заев побарал 160 000 евра поткуп.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com