Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБоливија отвори антиимперијалистичка воена академија

Боливија отвори антиимперијалистичка воена академија

Боливискиот претседател Ево Моралес отвори нова воена академија каде учениците ќе учат како да се спротивстават на влијанието од САД на земјите во развој.

Моралес истакна дека кадетите ќе го изучуваат империјализмот и неговите последици.

Академијата е замислена како противтежа на Американското воено училиште во сојузната држава Џорџија на која се подготвувале американските сојузници за време на Студената војна.

Новата академија се наоѓа во градот Санта Круз во источна Боливија и за почеток ќе бидат примени сто ученици.

Откако стана претседател во 2005 година, Моралес е во многу лоши односи со САД.

Во 2008 година го протера американскиот амбасадор и агент за борба против криумчарење со наркотици, а неодамна го обвини Вашинготн дека поттикнува „парламентарни пучеви“, како што се импичментот на бразилската претседателка Дилма Русеф која е осомничена за корупција.

Исто така, тој тврди дека САД низ воени интервенции го поттикнуваат глобалниот тероризам, а како пример го наведува напредокот на ИД.