HomeДЕНЕШНАПолитикаБолест уште еднаш го одложи судењето за членовите на Левица од протестите пред канцеларијата на Иванов

Болест уште еднаш го одложи судењето за членовите на Левица од протестите пред канцеларијата на Иванов

levica sudene

Поради болест на еден од обвинетите денеска повторно беше одложено судењето за членовите на Левица. Здравко Савески и Владимир Куновски одговараат за учество во толпа што ќе стори кривично дело поради протестите пред народната канцеларија на претседателот, Ѓорге Иванов, пренесува 24 вести.

Судијката која го води процесот истакна дека прекршочните постапки кои се водат, исто така против учесници во протестите, не се однесуваат на случувањата пред народната канцеларија и изрази уверување дека повеќе не постојат пречки за почеток на процесот. Судењето беше одложено за 18 јануари.

Инаку, Савески и Куновски се обвинети дека на 13 април како дел од толпа учествувале во демолирањето на Народната канцеларија, кое се случи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на голем број на политичари и нивни соработници.

Од страна на Јавното правобранителство штетата беше проценета на 522 илјади денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com