HomeДЕНЕШНАСветБоко Харам ослободи 20 киднапирани девојчиња

Боко Харам ослободи 20 киднапирани девојчиња

Исламските екстремисти од групата Боко Харам ослободија 20 ученички од градот Чиобока, кои биле киднапирани пред повеќе од две години, соопштиле локалните функционери. Сега, во ропство на Боко Харам останале уште 197 девојчиња, иако не е познато дали и колку од нив во меѓувреме починале.

Ослободените девојчиња, се први кои се нашле на слобода после преговорите меѓу екстремистите и нигериската влада, објави портпаролот на нигерискиот претседател Гарба Шеху. Тој истакна дека ослободувањето на девојчињата било договорено на преговорите меѓу владата и Боко Харам, кои го организирале меѓународниот комитет на Црвениот крст и швајцарската влада. Сеху додаде дека продолжуваат преговорите за ослободување на останатите ученици.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com