Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБогојевски со клучна порака на Денот на ВМРО – Не бива така братучеди Болгари

Богојевски со клучна порака на Денот на ВМРО – Не бива така братучеди Болгари

Клучна порака за ден на ВМРО!

Гоце Делчев во едно писмо напишал “што да правиме кога сите сме си Болгари” и тоа значело дека бил етнички Бугарин?!?

Гоце Делчев во куп писма и изјави кажал “јас сум Македонец”, “ние Македонците и Македонија”, е баш тоа ништо не значело, тој мислел на локален идентитет, така ќе сме го толкувале?!?

Ајдееее беее!!!

Не бива така братучеди Болгари!

Така може Ве лажеле Вашите болшевички историчари, како тој Божидар Димитров… но вистината е друга! Ќе мора да се соочите со вистината, да разберете дека Ве лажеле, да се помирите со фактот што сте пораснати со големобугарска лажна историја и да се европеизирате!!!

Нели ќе одиме со оригинални документи, без толкувања?!?

Гоцета Делчев Војвода, точно си кажал, без да го толкуваме! Тој си е Македонец од Македонија, кој ги знае слабостите на народот кој припаѓа на болгармилетот (религиозна заедница) и во одринско и во солунско и во битолско и во пиринско и во штипско…

Во тоа време нема етнички идентитет… има “нашинец”, “земјак”, а тоа е тој македонски идентитет, различен од мизискиот или тракискиот, а од друга страна тоа е тој општ болгармилет идентитет, различен од сервскиот, грчкиот, турскиот…

Во името на ТМОРО постои и одринско покрај македонско, зашто таа организација се борела за слобода на сите припадници на болгармилетот од ропството под Отоманите! Покасно кога болгармилетот од религиозна христијанска заедница, поприма национален идентитет на новото бугарско Царство, ВМРО го отфрла тоа одринско, станува македонска граѓанска организација, организација на сите кои живееле во Македонија, без разлика на вера, пол и етничко убедување, а подготвени да се борат за слободата на Македонија!

Инаку, Гоце никогаш не бил егзархист, туку унијат, сосема посебна мала религиозна група во Отоманската империја… но секако свесен за мнозинската припадност на Македонците во болгармилетот… па од тука генерализира и пишува за “истата болест на Болгарите”!

Заклучокот за Гоце Делчев е едноставен, тој е Македонец кој го уважувал болгарскиот религиозен идентитет, пишувал на тогашен бугарски јазик на кој бил школуван, зашто не постоел литературен македонски јазик, се борел и загинал за слободата и државноста на Македонија, а не на обединета Бугарија!

Илјадници Болгари, кои ги чувствувале за браќа Македонците и сочувствувале со нивната борба за слобода, биле иста вера и убедување, се вклучиле во ВМРО и таа борба! Но, голем дел од нив, биле инструирани од Софија, намерно испратени да се инфилтрираат во ВМРО и да ја оглават Организацијата, да им ја одземат на Македонците, со цел да пропагираат, не “Независима Македонија” туку “Обединена Болгарија”, нешто што до ден денес го прави официјална Софија! Тие не можат да се помират со постоење на Македонци и на Македонија и во гоцево време, исто и денес!

Време е за европеизација на Балкан, а не за балканизација на Европа, порача политичарот Петар Богојевски од Македонски концепт.