Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБогојески: Осум високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се заштитени сведоци на СЈО

Богојески: Осум високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се заштитени сведоци на СЈО

Осум функционери на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од највисокото партиско раководство, всушност од најблиското опкружување на лидерот Никола Груевски се заштитени сведоци на СЈО, рече еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма.

Богојески, како што пренесува „Плус инфо“ рече дека нема информации дали Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков го знаат тоа и порача тие повеќе да се плашат од потезите на луѓето од своето опкружување, отколку од „реформаторите“.

Тој рече дека потребата од промени и реформи во партијата се појавува циклично, на отприлика секои 10 години.

– Сега пак е дојдено време за нова преродба, односно за реформи во ВМРО-ДПМНЕ – рече Богојески.