Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБогоевски: Случувањата во Парламентот го поткопуваат кредибилитетот на институцијата

Богоевски: Случувањата во Парламентот го поткопуваат кредибилитетот на институцијата

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет смета дека случувањата со одолговлекувањето на конститутивната седница во македонското Собрание, го урива угледот на оваа институција во Македонија, но и надвор од неа.

– Парламентот е јадрото на демократијата во Македонија. Сегашните случувања во македонскиот Парламент прават противуслуга за развојот на демократијата. Тое го поткопуваат кредибилитетот на институцијата во Македонија, и надвор. Демократијата не доаѓа брзо, ниту пак патувањето има крај, а демократиите треба постојано да бараат начини како да се зајакнат, рече Гарет во обраѓањето при презенатцијата на извештајот на Граѓанската асоцијација МОСТ за мониторингот на Собранието во 2016 година.

Апел за побрз избор на претседател на Собранието и избор на сите работни тела упатија и од МОСТ.

– Собранието мора да ја преземе уставната улога на највисоко законодавно тело и контролор на извршната власт. Одговорноста транспарентност и вклчученоста на јавноста и засегнатите страни треба да бидат императив на новиот парламентарен состав, истакна Дарко Алексов, кој го презентираше извештајот за мониторингот работата на Собранието лани, во период од 1 јануари дои распуштањето на 17 октомври.

Во тој период Собранието донело 365 закони од кои 13 биле нови, 326 измени и дополнувања на постоечки и 26 ратификации. Владата била предлагач на најголем број од законите, односно 93 проценти од нив, а 70 проценти пак, биле донесени во скратена постапка. Извештајот покажува дека во еден ден на 23 февруари биле донесени 40 закони по скратена и 1 закон по итна постапка, а оти 91 законодавна постапка или 27 проценти од вкупниот број се измени на закони кои веќе биле донесени или изменети истата година.

МОСТ ја мониторирал и улогата на пратениците во предложувањето на законите и забележал дека 48 закони биле предложени од вкупно 61 пратеник, а оти донесени биле 25 закони по предлог од вкупно 48 пратеници. Неприфатливи, рече, биле 17 закони од вкупно 36 пратеници, не бил донесен 1 закон предложен од 16 пратеници, а повлечени биле 5 закони предложени од 40 пратеници. Во врска со работата на комисиите, МОСТ го набљудувал само периодот од 1 јули до 17 октомври во кој седници одржале 16 од 21 комисија.

Работата на комисите, рече Алексов, беше анализирана преку три сегменти транспарентност, квалитет на записници и вклученост на засегнати страни. Притоа, според него, било констатирано дека транспарентноста на работата на комисиите е на ниско ниво, дека не има неунифициран начин на водење и недоволниот квалитет на записниците, како и на објавените извештаи, кои, потенцира не овозможуваат целосен увид во работата на комисиите.

Тој нагласи дека е констатирано и недостиг на суштинска и посветена заложба за вклученост на другите засегнати страни во дебатата при креирањето на законските решенија, како што се академијата, експертите, практичарите и граѓанското општество.

Проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“, во чии рамки е и изготвувањето на денешниот извештај, ќе се спроведува до март 2018 година и предвидува објавување на периодични извештаи за Индексот на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието.