Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБогоевски: Нема да има избори од нелегитимна влада

Богоевски: Нема да има избори од нелегитимна влада

Пратеникот од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски повторно истакна дека нема да се воведува двојазичност, федерализација, бинационалност, ниту пак ќе има промена на националните симболи. Тој кажа дека нема да има избори кои ќе бидат организирани од оваа влада бидејќи таа не е легитимна.

– Цело време зборувте за пост-изборна криза и пост-изборни измами и наводно барате нормален тек. Имаме ужасно блокирана држава, касата се празни, ќе се префрлиме во фактичка блокада, рече Богоевски.

Богоевски истакна дека додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се расфрлаат со зборовите предавство и патриотизам, очигледно било дека тие не знаат што значат зборовите.

– Предваство е да користите владеење за да крадете, рече Богоевски.