Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБогоевски кон Димовски: Вие единствено се плашите од затворот во Шутка

Богоевски кон Димовски: Вие единствено се плашите од затворот во Шутка

По целодневното меѓусебно реплицирање на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, пратеникот Богоевски, еден од ретките од СДСМ кој реплицираше порача да не се одолговлекува седницата. Тој додаде дека со меѓусебното реплицирање, пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја саботираат работата на собранието.

„Со секоја секунда која ја користите на реплицирање, Вие на граѓаните на Република Македонија им го продолжувате пеколот кој го живеат. Со ова докажувате дека Вие не се плашите од платформата од Тирана, туку од затворот во Шутка. Ве молам да ја продолжиме работата и вашето демократско право да го користите на полезен начин“ – рече Богоевски од собраниската говорница.

Ова го пофали Илија Димовски додавајќи дека дебатата е потребна. Меѓутоа, поради целодневното меѓусебно реплицирање на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, нивните колеги од СДСМ се воздржуваат од реплики надвор од толчката на дневен ред со цел да не се одолговлекува изборот на претседател на собранието.