Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБогоевски го демантира Дачиќ: Повеќе од доволно ми е буткањето на еден владетел

Богоевски го демантира Дачиќ: Повеќе од доволно ми е буткањето на еден владетел

Пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во однос на изјавите синоќа на Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ кога соопшти дека тој организирал демонстрации против претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Белград изјави дека „буткањето на еден владетел кој сака неконтролирано да практикува неограничена моќ ми е повеќе од доволно“.

„Кога граѓаните на Македонија организираа протести против Вучиќ, Србија не реагираше никако. Чекајте да ви го прочитам ова. Веско Чачановски, Павле Богоевски, Бранимир Јовановиќ, Замир Мехмеди, сите од Скопје. Тие учествуваа во сите демонстрации и ја помагаа организацијата на протестите против Вучиќ“, изјави Дачиќ, пренесе РТС.