Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаБогдановиќ против Богдановиќ на дуелот Србија – Хрватска

Богдановиќ против Богдановиќ на дуелот Србија – Хрватска

На теренот во Рио се најдоа двајца со презиме Богдановиќ, но на спротвини страни – и двајцата беа најдобри во своите тимови. Фотографијата на двајцата кошаркари веднаш почна да се шири на социјалните мрежи како најдобар потсетник на бесмисленста на војните и омразата на Балканот.

Репрезентациите на Србија и Хрватска се натпреваруваа за поминување во финалето на олимпискиот турнир и Србија победи со 86:83. Голема победа и значајна, но обеоена со национализам од обете страни. Во очите на многу Срби оваа победа е двојно поголема бидејќи е против Хрватите, додека по храватските социјални мрежи и медиуми се ширеа коментари дека поразот повеќе боли бидејќи е баш од Србија.