HomeРЕФЛЕКТОРДизајнРешавање на проблеми преку дизајн – Богата викенд програма на „Skopje Design Week“

Решавање на проблеми преку дизајн – Богата викенд програма на „Skopje Design Week“

rinoca4

Шестото издание на Недела на дизајнот во Скопје, влегува во завршната фаза. Пред доделувањето на наградите на 27 ноември, во 19 часот, викендов (26 и 27 ноември) е исполнет со богата програма со презентации и работилници за дизајнерите, работилници за децата и, секако, одлична вечерна музичка програма.

Претпладневната викенд програма во саботата беше исполнета со три работилници за деца. Работилницата „Фабрика за игри“ е возбудлива програма за игра и создавање на нови детски изуми и инсталации. Тематиката на работилница е слободно изразување на креативноста на децата без какви било ограничувања и правила.

Иновативен пристап во решавањето на дизајнерските проблеми со акцент на креативноста и на разбирањето на потребите на клиентите ни открија во работилницата „Design thinking – Understanding the power of human-centered design“ со менторите Драгана Нешовска и Иван Зографски од „Solveo“.

„Учесниците во работилницата „Design thinking – Understanding the power of human-centered design“ можеа да слушаат предавање на оваа тема и да се обидат заедно да ги решаваат проблемите, односно немавме класично предавање туку стануваше збор за интеракција меѓу нас и учесниците во оваа работилница. Работевме на три теми, првата се однесуваше за креирање на дизајн за идеално работно биро, вториот проблем се однесуваше на дизајн на нивното средно училиште каде учесниците се обидуваа да пронајдат креативни решенија и третиот проблем беше како да се направи програма за следната година и како повеќе луѓе да бидат информирани за настанот“, изјавија Драгана и Иван, ментори на оваа работнилница.

Потоа позборувавме и со Татјана која имаше своја работилница за креативен дизајн на мебел.

15228067_10206118250873576_1491943404_n

„Првата маса е избрботена од корен од багрем, кој беше скратен од три метри на метар и осумдесет центиметри. Потоа го оформив во вид на маса па потоа следуваше резбање на кората. Потоа дрвото е премачкано со восок како што правеле во минататото со цел заштитување на дрвото. Помалата маса во форма на кругче е попречно исечено стелбо до половина лиено со алуминуим“, објасни Татјана, ментор на оваа работилница.

15228011_10206118250633570_358251339_n

Автор: Михаило Донев

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com