Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаBoeing 777 – Орел со најдолги крила

Boeing 777 – Орел со најдолги крила

Boeing го претстави дизајнот за новиот модел на авион 777-9X – најголемиот двомоторен патнички авион на светот, со крила долги 71,8 метри. Освен големината, крилата на авионот се посебни по тоа што на краевите може да се свиткаат, со цел да се овозможи поедноставно движење низ аеродромските писти.

Дополнителната површина на крилата му овозможува помала потрошувачка на гориво, а во споредба со главниот конкурент – Airbus A350-1000, има поголем капацитет за патници (400 наспроти 366 патници). Кабината ќе биде 40см широка, ќе има повеќе место за патниците и прозорците ќе бидат за 15% поголеми во споредба со конкурентските авиони.

Овој авион е вистинско инженерско ремек дело, за кој се предвидува да изврши револуција во авионската индустрија. Со два мотора Boeing 777-9X ќе лета низ истите светски маршрути како авионите со четири мотори – Boeing 747 и Airbus A380, а ќе заштеди 12% гориво во споредба со конкурентот од Airbus и започнува со производство во текот на 2017 година.

Извор: telefoni.mk