Sunday, Apr 30, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамBMW Series 7 – Претставен најлуксузниот баварец

BMW Series 7 – Претставен најлуксузниот баварец

bmw 7
Исчекувањето заврши, баварците ја претставија шестата генерација на својот знаменосец. Стручната јавност, во жесток натпревар со времето, се обидува да ги анализира сите вградени новини а идните клиенти првенствено ги интересира тајмингот на отварање на нарачките.

BMW ја претстави својата најлуксузна лимузина, и тоа го направи со објава на својот службен сајт. Судејќи според интересот, веројанто таа операција поинаку и не можела да се спроведе. Понуден е детален опис кој е поддржан со впечатливи фотографии и видео материјали. Сосема доволно за задоволување на лубопитноста и за стекнување на првични импресии.

бмв ентериер

Гледано од аспект на клиент, претпоставка е дека во моментов најчесто поставувано прашање би било: а кога ќе биде понудена блиндира верзија? Со оглед на „претседателската клиентела“, прашањето звучи доста логично.

Но се чини дека техноманите ќе бидат многу повозбудени. За нив вградувањето на лесни композити во каросеријата, две каросериски должини, преработени шестцилиндерски линиски и V8 мотори, хибридна “Plug in” изведба, можност за интегрален погон, контрола на сите механички функции, стандардно LED или ласерско осветлување како опција, нов “хедап“ дисплеј, врвно озвучување, безжични конекции и команди …(повеќе)