Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текBMW ќе прави смарт автомобил со Google и Apple

BMW ќе прави смарт автомобил со Google и Apple

BMW полека се насочува кон смарт автомобили со футуристички концепти за да влезе навреме во трката со Tesla, Google и Apple. Претставник на BMW изјавил дека компанијата е отворена за соработка со било која технолошка компанија, целејќи кон Apple и Google, кои важат за најиновативните во светот. Веројатно BMW како традиционален прозиводител на автомобили полека го чуствува притисикот од Елон Маск и неговата компанија Tesla Motors, па сака да преземе иницијатива да ги иновира своите автомобили и да ги направи футуристички.

BMW HERE

„Живееме во светот на партнерствата. Често разговараме со технолошките компании како Apple, околу прашањата за соработката и BMW Connected Drive системот. Развојот на автомобили и производството не се предмет на тие разговори“, изјавил Оливер Зипсе, шефот за производство на BMW, како одговор на прашањето дали компанијата ќе креира автомобили за компаниите како што е Apple.

Извор: telefoni.mk