Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБлокирано пристаништето во Будва – се протестира против високите цени

Блокирано пристаништето во Будва – се протестира против високите цени

Сопствениците на чамци со големина од над пет метри го блокираа денеска пристаништето во црногорскиот туристички центар Будва и фрлаа димни бомби во морето поради големото според нив зголемување на цените за годишен наем во пристаништето, јавуваат црногорските медиуми.

Протестот започна рано изутрина, а жителите на Будва го блокираа со чамци влезот и излезот од пристаништето. Според нив новите цени се многу повисоки од цените во други, многу подобро уредени пристаништа во регионот, како на пример во Хрватска.

Цената на годишен наем за брод со должина од 15 метри е 2.000 евра. За помалите чамци цената од 300 е зголемена на 1.000 евра до 1.500 евра. Според локалните жители таквите цени се неприфатливи. Стратекс групата, која од минатата година го презема работењето со пристаништето во Будва, тврди дека ценовникот не е променет од 2010 година, а дека протестираат само сопствениците на чамци кои го користат пристаништето на црно.