Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБлокирана сметката на Ивона Талевска – можно е да и го одземат и автомобилот

Блокирана сметката на Ивона Талевска – можно е да и го одземат и автомобилот

Банкарската сметка на главната уредничка на весникот „Вечер“ Ивона веќе подолго време е блокирана, објави „Фокус“, повикувајќи се на адвокатски извори.

Порталот наведува дека адвокат се обидел да наплати долг од Талевска, но не успеал бидејќи извршителот му кажал дека сметката е блокирана.

Адвокатот за „Фокус“ изјавил дека требал да наплати околу 1.500 евра за адвокатски трошоци и судски такси за два судски спора за клевета и навреда кои Талевска ги изгубила. Талевска ги изгуби тужбите кои ги покрена новинарите Бранко Геровски, Мери Јордановска и Јадранка Костова, поради што сега мора да намири трошоците.

Талевска на свои име автомобил, кој како што соопштил адвокатот со кого разговарал „Фокус“ може да и биде запленет доколку не ги плати трошоците.

Специјаното јавно обвинителство неодамна отвори истрагата „Тифани“, во која Талевска се сомничи за затајување данок од 16.000 евра, а фирмите на кои им била управител затаиле данок од 37.000 евра.

СЈО соопшти дека Талевска купувала накит, гаќи и друга облека и предмети за лична употреба, а истите ги пријавувала како расход на фирмите со кои управувача.