Tuesday, Apr 23, 2024
HomeНиз објективотВидео: Блокираме за да не чуе власта, ова веќе не се трпи

Видео: Блокираме за да не чуе власта, ова веќе не се трпи

Демонстрантите ги одржаа најавените блокади на три клучни локации во центарот на Скопје со цел нивните барања да бидат чуени од страна на власта бидејќи како што посочуваат оваа траги-комедија повеќе не може да се издржи.

blokada sreda 08 (1) (1)

Блокадата кај Републичкиот Црвен крст триесетина минути целосно го закочи сообраќајот од Центар до Кисела Вода по булеварот „Киро Глигоров“ но, немаше никакви инциденти или пак дофрлување од нервозни минувачи или возачи.

Изјава за Позитив даде Лидија Димова од СДСМ која ни ги откри следните чекори на дејствување.

Организаторите велат дека се свесни за секојдневните обврски на граѓаните, но немаат друг избор.

blokada sreda 08 (2) (1)

Учесниците на блокадата кои ги анкетиравме велат дека мора да се издржат критиките, а потсетуваат дека пред десетина година ист вид на демонстрации и блокади на клучни раскрсници вршеше и ВМРО-ДПМНЕ.

blokada sreda 08 (5) (1) blokada sreda 08 (4) (1)