Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРПогодете кој филм пред 40 години ја започна Блокбастер ерата

Погодете кој филм пред 40 години ја започна Блокбастер ерата

Речиси секое лето уживаме во скапите холивудски филмови со многу експлозии, акција, неверојатни подвизи на хероите и мистериозни расплети. Овој тренд на Блокбастери за време на летната сезона најверојатно немаше да постои доколку не беше визијата на легендарниот режисер Стивен Спилберг кој целосно го промени начинот на летна филмска забава.

steven_spielberg_jaws

Пред точно 40 години се одржа премиерата на „Ајкула“ (Jaws), првиот огромен летен хит кој со скромен буџет и фантастични ефекти ја привлече публиката во кината ширум Америка, а потоа го зарази и остатокот од светот. Дотогаш во кината се прикажувале евтини Б филмови со речиси аматерски ефекти, но мајсторијата на Спилберг и заработените тогашни 220 милиони долари инспираше цела генерација на филмаџии повеќе да посветат труд во лесните филмови за гледање од жанровите акција, фантастика и авантура.

summer 2015

По „Ајкула“ се редеа култните филмови како сагата „Војна на ѕвездите“, „Ити“ (E.T.), Терминатор и уште многу други. Формулата за успех е многу експлозии, издигање на главниот херој пред тешките предизвици, забавни реплики кои лесно се памтат и многу акција. Кој е вашиот омилен летен филмски хит кога најдбро сте си поминале во кино.