HomeДЕНЕШНАЦрна хроника„Близнакот“ од Ѓорче се уште во критична состојба

„Близнакот“ од Ѓорче се уште во критична состојба

partizanska-prestrelka

Се уште е непроменета здравствената состојба на 46 годишниот Даниел Трајковски. Тој се наоѓа на апарати за дишење на клиниката за интензивно лекување, во критична состојба.

МВР работи на откривање на местото на кое започнала бркотницата и истрелите од огнено оружје. Оттаму велат дека се работи по насоки на јавен обвинител и се очекува истрагата да ги открие мотивите. На настанот првично му претходела бркотница по скопските улици која на крај завршила со превртување на возилото Голф 5 чиј сопственик е токму Трајковски.

Според неофицијалните информации кои се појавија во јавноста во пресметката се инволвирани лица односно обезбедувањата на двете најголеми политички партии од власта и опозицијата – пишува 24 Вести. Минатата година Трајковски пријавил обидот за убиство во МВР а во април 2012 та пријавил дека во дворот на неговата куќа во населбата Ѓорче Петров била фрлена бомба кашикара. Исто така се пишуваше дека Трајковски и неговиот брат наводно ги рекетирале и им се заканувале на бизнисменот Орце Камчев и на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com