Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион„Блиц“: Терористот од Лондон вршел злосторства врз Срби во Босна

„Блиц“: Терористот од Лондон вршел злосторства врз Срби во Босна

Српскиот весник „Блиц“ открива дека Халид Масуд, осомничениот за терористичкиот напад кој беше извршен во средата, бил во БиХ за време на војната во Босна и Херцеговина како припадник на злогласниот одред „Ел Муџахид“

Весникот додава дека тој како исламски „светски воин“ во Босна дошол на 1 мај 1993 година, кога се приклучил кон арапските борци од тој одред, кои се наоѓал под команда на Третиот корпус на армијата на БиХ.

На почетокот на ’90-те години од минатиот век, според весникот Масуд го радикализирале познатите вехабистичи лидери Абу Хамза ал Мисри и Омар Бакри Мухамед.

Весникот додава дека тој како исламски „светски воин“ во Босна дошол на 1 мај 1993 година, кога се приклучил кон арапските борци од тој одред, кој се наоѓал под команда на Третиот корпус на армијата на БиХ.

– Станува збор за луѓе, кои на почетокот на граѓанската војна во БиХ одиграа пресудна уога во формирањето на злогласниот одред „Ел Муџахид“, кој дејствуваше во рамки на Третиот корпус на т.н. Армија на БиХ и кој се „прослави“ со стравични злосторства врз заробените српски цивили и војници, пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори на разузнавачко-безбедносните структури.

Белградскиот весник објави дека поседува листа од 1.774 борци на одредот „Ел Муџахид“, меѓу кои е и името на Масуд.