Блесок 11 на АРМ проследен од високи армиски гости
На Денот предвиден за високи гости во текот на вежбата на Македонската армија со четите на воената полиција и ренџерите присуствуваа заменикот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, претставници од Канцеларијата за врски на НАТО, асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.
Генерал-мајор Рацај нагласи дека вежбата „Македонски Блесок-11” е успешно реализирана и е постигната главната цел.
„Вежбата „Македонски Блесок 11“ претставува уште еден голем успех на АРМ и потврда за исполнувањето на стандардите на НАТО“ – потенцира Рацај.
Во текот на вчерашниот ден на командирите на оценуваните единици им е соопштена позитивната оценка од спроведеното оценување согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, која е во согласност со прикажаната обученост на припадниците на единиците.