HomeДЕНЕШНАЕкономијаБлазе си им – Програмери шетаат низ светот на компаниски трошок

Блазе си им – Програмери шетаат низ светот на компаниски трошок

Врвните менаџери секогаш наоѓаат нови методи како да ги мотивираат своите вработени и да ги задржат на работното место. Предвовници во ова поле се директорите од Силиконската долина со бројни бизнис иновации. Токму затоа група на технолошки компании ја смислиле програмата „Година во странство“ при што нивните програмери не се обврзани да живеаат во натрупаните американски градови туку го шетаат светот, а прва дестинација им била Балканот.

programeri-stranstvo

Вработените треба да уплатат депозит од 5000 долари и да ги покријат месечните трошоци кои не надминуваат 2000 долари, како и да ја платат првата и последната авионска карта од нивното патување. Се друго им е покриено од страна на компанијата, како што се сместување, пари за трошење и работни средства. Тие не се обврзани да работат од канцеларија, па почесто може да ги најдете на плажите на Хрватска или пак на атрактивните локации во Истанбул, Мумбаи, Пекинг, Бангкок.

Што мислите вие за овој принцип на патување низ светот без притоа да го загубите работното место, да ја добивате целата плата и да создавате нови искуства. На потег се македонските менаџери.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com