Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБлатер: „Лидерите на Франција и Германија вршат притисок врз гласачите за СП“

Блатер: „Лидерите на Франција и Германија вршат притисок врз гласачите за СП“

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, повторно со нови проблеми. Огромна е веројатноста францускиот и германскиот претседател да се вмешани во изгласувањето на Светските првенства за 2018. и 2022. година, вели германскиот весник Welt am Sonntag.

Според Блатер, поранешниот француски претседател Николас Саркози и неговиот германски помошник Кристијан Вулф извршиле политички притисок и ги намамиле гласачите уште пред Светските првенства да им бидат доделени на Русија и Катар.

Тој вели: „Токму поради ова сега имаме Светско првенство во Катар. Оние кои што се одлучиле на ова, исто така, треба да преземат одредени одговорности.“ Од Германската фудбалска асоцијација изјавуваат дека, како и Французите, така и тие добиле препорака да гласаат за Катар поради економски интереси.