HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиБламажа на Њузвик: Убедени во победата на Клинтон, објавија книга „Госпоѓа претседател“

Бламажа на Њузвик: Убедени во победата на Клинтон, објавија книга „Госпоѓа претседател“

newsweek-hilari-kniga

Уредништвото на американскиот неделник „Њузвик“ се посрамоти, пуштајќи во продажба 125 илјади примероци од книгата „Госпоѓа претседател: историското патување на Хилари Клинтон до Белата куќа“. Иако е пракса медиумите однапред да се подготвуваат за двете сценарија со соодветни писанија, но во таков случај добро се внимава тоа да не дојде до јавноста, барем додека не стане официјално.

Со книгата за новата американска претседателка дојде и вовед во кој се вели дека овие избори „биле единствени на многу начини“, бидејќи кандидатката се сретнала со „демагогија каква што порано не беше позната во американската политика“.

„На денот на изборите, Американците го одбија стравот и омразата со кои владее конзервативниот Доналд Трамп“, се наведува во воведникот.

Книгите веќе се најдоа во продажба во некои продавници, бидејќи партнерите на „Њјузвик“ кои работеле на ова издание биле убедени во победата на Клинтон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com