Saturday, Mar 25, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонBlackphone 2 – Телефон за луѓе со тајни

Blackphone 2 – Телефон за луѓе со тајни

Новиот модел на Blackphone 2 уште повеќе се фокусира на безбедноста и приватноста на корисниците и сега е засилен со Android софтвер, но има дополнителна PrivateOS надградба, која го прави посигурен за комуникација. Голем број на програмери, криптографи, експерти за безбедност и експерти за заштита на приватност работеле на развојот на овој екстравагантно безбеден Blackphone 2.

Швајцарската компанија Silent Circle се приклучила кон програмата “Android at Work” за да ја таргетира бизнис заедницата, која секогаш сака високо ниво на приватност. Blackphone 2 не спаѓа во категоријата на моќни телефони, нема дисплеј со најголема резолуција, нема најбрз процесор, но затоа доаѓа со Silent оперативен систем и енкриптирани апликации за говорни повици, видео повици, пораки и префрлање на податоци. Овој телефон има дисплеј со дијагонала од 5.5 инчи, резолуција од 1080p, Qualcomm Snapdragon 615 процесор, слот за microSD картички, задна камера од 13MP и предна 5MP, Bluetooth 4.0, 3GB RAM меморија и 32GB меморија за податоци.

Silent Circle тврди дека тоа е единствениот телефон што ви овозможува да комуницирате со целосна приватност и да се заштитите од сето она што би можело да ви наштети. Цената на смартфонот Blackphone 2 се уште не е позната и сигурни сме дека нема да е евтина, а ќе започне со продажба септември во оваа година. Замислете, телефонот ќе биде рај за тајните агенти, за да не може никој да им влезе во трага.

Извор: telefoni.mk